Пендаровски во посета на Oпштина Демир Хисар во рамките на проектот „Лице в лице со претседателот“
- Претседателот Стево Пендаровски вчера ја посети Општина Демир Хисар во рамките на проектот „Лице в лице со претседателот“.
Скопје, 12 мај 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски вчера ја посети Општина Демир Хисар во рамките на проектот „Лице в лице со претседателот“.

Претседателот Пендаровски, во село Бабино, ја посети библиотеката „Ал-Би“, во приватна сопственост на Стево Степаноски. Библиотеката е резултат на 140-годишна семејна традиција во колекционерство. Најстарата книга е Арапски речник од 1307 година. Вкупно во библиотеката има над 20.000 наслови и брои 3.000 читатели од кои голем број видни академици, а има и членови од странство. Во состав на библиотеката има и етномузеј и амфитеатар на отворено.
Во селото Слепче претседателот Пендаровски го посети домот на Гоце Трајчевски, кој е неодминливо место за посета од домашни и странски туристи. Тој дава и личен придонес за инфраструктурното уредување на целото село.
Преку „Лице в лице со претседателот“, шефот на државата остварува неформални средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во локалната заедница и во општеството во целост. Целта на проектот е ваквите поединци да станат повидливи, истакнувајќи го нивниот труд и несебичен влог во работата. дма/лв/