• вторник, 05 ноември 2024

Пендаровски: Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации

Пендаровски: Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации
Скопје, 3 мај 2021 (МИА) - Истражувачкото новинарство и унапредувањето на транспарентноста позитивно влијаат врз демократиите и одржливиот развој. Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации особено за време на тековната #Ковид19 пандемија, порача претседателот на државата Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. - Овогодинешната тема на Светскиот ден на слободата на медиумите „Информациите како јавно добро" е повик за афирмирање на важноста за негување на информациите како јавно добро. Да ги поддржиме и заштитиме медиумските права и слободи од политички пристисоци и влијанија. Институциите се должни да создадат демократска атмосфера за остварување на професионално новинарство. Тоа е нужно за да имаме медиумска етика и информирано јавно мислење, објави на својот Фејсбук профил Пендаровски. аа/сп/

Остани поврзан