• петок, 22 ноември 2024

Пелоси пристигна во Ереван

Пелоси пристигна во Ереван
Ереван, 17 септември 2022 (МИА) - Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска пристигна во главниот град на Ерменија, Ереван. Таа истакна дека нејзината посета претставува симбол на определеноста на САД кон „силен симбол на цврстата посветеност на САД за мирна, просперитетна и демократска Ерменија, како и стабилен и безбеден кавкаски регион“. Пелоси е највисокиот американски функционер во посета на Ереван откако Ерменија се стекна со независност во 1991 година. Претседателот на ерменскиот Парламент, Ален Симонјан изјави дека тридневната посета на Пелоси ќе одигра „голема улога во гарантирањето на безбедноста“ на Ерменија. Нејзината посета доаѓа во време кога регионот, кој е стратешки важен за транспорт на јаглеводороди од Касписко Море, се соочува со конфликти на границата меѓу Ерменија и Азербејџан. Азербејџан има поддршка од Турција, а Ерменија има поддршка од Русија, која има своја воена база на ерменска територија. Последен конфликт помеѓу Ерменија и Азербејџан траеше два дена (13 - 15 септември), а во неодамнешните борби меѓу ерменските и азербејџанските сили загинаа над 200 луѓе. ми/

Остани поврзан