• понеделник, 23 декември 2024

Пелони: До крајот на мај целосно вакциниран ќе бидат 20 отсто од граѓаните во Грција

Пелони: До крајот на мај целосно вакциниран ќе бидат 20 отсто од граѓаните во Грција
Атина, 20 мај 2021 (МИА) - Проценките се дека до крајот на мај ќе бидат спроведени над 5.600.000 вакцинации, над 3,5 милиони сограѓани ќе имаат примено една доза, односно 34 отсто, а над два милиони ќе бидат целосно вакцинирани, односно 20 проценти, изјави портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брфинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Таа објасни дека досега се спроведени над 4,6 милиони вакцинации, функционираат 1.517 центри за вакцинација, кои во следните денови дополнително ќе се зголемат со учество на приватниот сектор, како и со отворањето на нови пунктови на островите. Во однос на воведувањето задолжителна вакцинација за одредени категории, како што беше случај со припадниците на Специјалната единици за справување со катастрофи од противпожарната служба на Грција, Пелони рече дека тоа е првиот  чекор и го повтори ставот на грчкиот премиер дека од септември ќе започне дискусијата за задолжителна вакцинација на здравствените работници. За сценаријата, вакцинираните да имаат поголеми привилегии, портпаролката на грчката Влада истакна дека „не може да се отвори таква дискусија, ако не им се даде можност на сите граѓани од сите возрасти да се вакцинираат“. ср/ми/  

Остани поврзан