• недела, 22 декември 2024

Пелистер против МЗТ Скопје во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија

Пелистер против МЗТ Скопје во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија

Битола, 16 февруари 2024 (МИА) - По пауза од 15 години, кошаркарскиот клуб Пелистер ќе биде учесник во големото финале на Купот на Македонија, откако вечерва го совладаа кавадаречки Еуро Никел 2005 со 78:68 (39:36). 

Пред своја публика во салата „Боро Чурлевски“, битолчани утре од 18 часот ќе излезат против бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром и ќе се обидат по втор пат да дојдат до својот прв пехар во историјата. 

Минатиот пат, загубија од АМАК-СП во 2009 година во Охрид.

Домашниот тим диктираше темпо од самиот старт и беше подобар ривал на паркетот, па на крајот заслужено славеше.

Планиниќ реализираше одлични 27 поени, 8 скока и 5 асистенции во победничкиот табор, а го следеше Маслинко со 22 поени, 7 скока и 3 блокади. 

Во поразената екипа, Смит Мексвејн уфрли 21, Врањеш дојде до 17. поени, додека Глигоријевиќ имаше 12.дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан