Пелистер поразен во финишот од ПСЖ во Лигата на шампиони
- Ракометарите на Еурофарм Пелистер во резултатски докрај неизвесен натпревар претрпеа пораз вечерва на гостувањето во Париз од фаворитот ПСЖ со 33-27 во рамки на 2. коло од групата Б во Лигата на шампиони.
Париз, 18 септември 2025 (МИА) – Ракометарите на Еурофарм Пелистер во резултатски докрај неизвесен натпревар претрпеа пораз вечерва на гостувањето во Париз од фаворитот ПСЖ со 33-27 во рамки на 2. коло од групата Б во Лигата на шампиони.
Македонскиот шампион беше рамноправен противник и откако на полувреме резултатот гласеше 16-16, Еурофарм Пелистер го презеде водството во продолжението кое во неколку наврати изнесуваше и плус три голови разлика.
Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која Еурофарм Пелистер при резултат го искористи нападот за водство од 27-26, но францускиот гигант до крајот запиша серија од 7-0 за на крајот да забележи убедлива победа која не дава реална слика за случувањата на паркетот.
Манасков со пет и Кузмановски со четири голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер,
По стартната победа минатата недела на домашен терен над Загреб и вечерашниот пораз од ПСЖ, ракометарите на Еурофарм Пелистер во 3. коло во Битола на 24 септември ќе го пречекаат данскиот шампион ГОГ Гудме. ег
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук