• понеделник, 23 декември 2024

Пеле успешно опериран од тумор на дебелото црево

Пеле успешно опериран од тумор на дебелото црево
Сао Паоло, 11 септември 2021 (МИА) – Еден од најголемите фудбалски великани, Бразилецот Пеле со задоволително темпо заздравува и останува на интензивна нега по операцијата со која му беше отстранет тумор од дебелото црево, соопштија синоќа лекарите. Истите извори наведоа дека Пеле е во свесна состојба и активно се вклучува во комуникацијата со медицинскиот персонал. Пеле веќе неколку денови се наоѓа во болница во Сао Паоло за што и самиот објави на социјалните мрежи, наведувајќи дека заминува на рутински прегледи, кои не можел да ги изврши порано поради пандемијата на коронавирус. Меѓутоа, 80-годишниот Пеле по прегледите беше задржан во болницата, а самиот на социјалните мрежи објави дека лекарите му отстраниле тумор што се појавил на дебелото црево. ег/паг/

Остани поврзан