• четврток, 04 јули 2024

Пекинг погоден од силна песочна бура

Пекинг погоден од силна песочна бура
Пекинг, 15 март 2021 (МИА) - Пекинг денеска беше прекриен  прашина, донесена од силните вретрови од пустината Гоби, северозападна Кина. Според метеоролозите тоа е најсилната песочна бура во реонот во последаната деценија. Песочната бура се движи кон кинеските провинции Гансу, Шанси и Хубеи. Честичките ПМ10 во некои реони на Пекинг достигнаа до 8.000 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50, додека честичките ПМ2 се на ниво од 300 микрограма на метар кубен, а дозволени се 35. Поради песочната бура откажани се 428 летови од аеродромите во Пекинг. Од силни песочни бури погодена е и соседна Монголија. ми/

Остани поврзан