• понеделник, 23 декември 2024

Пекинг ги предупреди Сеул и Вашингтон да не провоцираат судири со Пјонгјанг

Пекинг ги предупреди Сеул и Вашингтон да не провоцираат судири со Пјонгјанг

Пекинг, 27 април 2023 (МИА) - Кина денеска ги предупреди Јужна Кореја и САД да не „провоцираат конфронтација“ со Северна Кореја. 

-Сите страни треба да се соочат со суштината на проблемот на (Корејскиот) полуостровот и да имаат конструктивна улога во промовирањето на мирно решение на проблемот, изјавио денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

Таа повика „да не се поттикнуваат тензии, да не се предизвикуваат конфликти и да не се закануваат“.

Американскиот претседател Џо Бајден, на состанокот во Вашингтон со неговиот јужнокорејски колега Јун Сук Јеол, предупреди дека нуклеарниот напад на Северна Кореја врз САД или врз американските сојузници и партнери ќе значи крај на севернокорејскиот режим.сд/

Остани поврзан