• сабота, 23 ноември 2024

Пекевски: Урбанизацијата на општините носител на нивниот развој

Пекевски: Урбанизацијата на општините носител на нивниот развој
Берово, 18 септември 2021 (МИА) - Урбанизација на општините е знак и носител на нивниот развој, а праксата за градење плански согласно уставните принципи за хумано живеење и почитување на приватната сопственост ќе продолжи и во наредниот период. Ова на прес-конференција го истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој информираше дека во изминатите четири години во рамките на подобрувањето на патнатa инфраструктура во Берово реконструирани се повеќе од 20 улици во градот, три регионални патишта и 10 улици во населените места. 
- Почнавме да градиме плански со цел да ги поставиме темелите за правилен раст и развој на нашата општина, соодветно за новото време и справување со новите предизвици. Секоја општина треба да се гради и да се развива правилно за до зголеми квалитетот на животот на своите граѓани. Овие четири години во рамките на патнатa инфраструктура реконструирани се повеќе улици во градот, се работеше на подобрување на патната инфраструктура на неколку регионални патишта, а изградени се и нови улици во населени места, рече Пекевски.
За беровскиот градоначалник значајно е тоа што покрај во градот се работеше на подобрување на патната инфраструктура и во руралните средини со што, како што рече, се решени децениски проблеми на жителите од неколку беровски села.
- Во таа насока реконструирани се повеќе од 10 улици и тоа во селата Русиново, Безгашчево, Ратево, Мачево, Владимирово, а потпишан е договор и за реконструкција на главната улица „Маршал Тито” во село Смојмирово, рече тој.
Во моментот, како што информира Пекевски, се реконструираат повеќе улици во село Двориште чија изградба треба да заврши до крајот на оваа година. вс/фф/

Остани поврзан