• сабота, 16 ноември 2024

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Доха, 3 октомври 2024 (МИА) - Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници на Хамас во Доха и испрати нова порака до израелската власт. Тој предупреди дека секоја нова израелска акција ќе добие уште посилен одговор.

- Западните земји дадоа лажни ветувања на Иран и го повикаа на воздржаност за постигнување договор за прекин на огнот во Газа. Сепак, продолжувањето на израелските злосторства нè натера да дадеме остар одговор, изјави иранскиот претседател.

Пезешкијан нагласи дека убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, било еден од најболните настани за него и додаде: „Ако израелскиот режим направи уште една најмала грешка, ќе добие многу посилен одговор“.

Иранскиот претседател истакна дека израелската моќ во голема мера зависи од поддршката на САД и Европа, додавајќи дека обединетиот глас на муслиманите ќе спречи каков било агресор да ги напаѓа исламските територии. ссм/

фото: архива

Остани поврзан