• недела, 22 декември 2024

Педесет загинати во студентските протести во Бангладеш

Педесет загинати во студентските протести во Бангладеш

Дака, 19 јули 2024 (МИА) - Бројот на загинати во студентските протести во Бангладеш достигна денеска 50, според болниците ширум земјата.

„Овде имаме пет тела. Тие беа убиени денеска“, рече Бачу Миа од болницата Медицинскиот колеџ во Дака, по 45 други смртни случаи избројани низ земјата од вторникот.

Полицијата во Бангладеш денеска пукаше и употреби солзавец врз демонстрантите додека интернет и телефонските врски се прекинати низ целата земја по демонстрациите за доделување владини работни места.

Демонстрациите, кои започнаа пред неколку недели и ескалираа во понеделникот, претставуваат најголем предизвик досега за премиерката Шеиха Хасина од почетокот на нејзиниот четврти мандат во јануари.

Опозициските партии ги бојкотираа последните избори.

Новите судири следат по вчерашниот - „најкрвав“ ден на демонстрации досега. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан