• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Педерсен: Терористички групи и натаму присутни во Идлиб

Педерсен: Терористички групи и натаму присутни во Идлиб
Њујорк, 19 февруари 2020 (МИА) - Терористички групи, меѓу кои и Хајат Тахрир ал-Шам, остануваат и натаму присутни во сирискиот регион Идлиб, изјави денеска специјалниот претставник на Обединетите нации во Сирија, Геир Педерсен, на седницата на Советот за безбедност. - Резолуциите како 2253 и 2254 бараат од земјите-членки да ги спречат терористичките активности што ги презедоа овие групи и да ги искоренат безбедносните засолништа што ги имаат воспоставено, рече Педерсен, кој на седницата се вклучи преку видео-врска од Женева. Педерсен додаде дека „воените операции на сите страни, вклучително и акциите на одредени терористички групи, како и оние против нив, мора да ги почитуваат правилата и обврските на меѓународното хуманитарно право, кои вклучуваат заштита на цивили и цивилни објекти“. паг/  

Остани поврзан