• среда, 03 јули 2024

Пегула ќе го пропушти Ролан Гарос

Пегула ќе го пропушти Ролан Гарос

Париз, 23 мај 2024 (МИА) - Петтиот светски рекет, американската тенисерка Џесика Пегула објави дека нема да се натпреварува на Отвореното првенство на Франција во 2024 година.

-Речиси се вратив на нормалниот тренинг, но играв многу внимателно додека закрепнував. Да ми останеа уште 5-7 дена, ќе бев таму 100%. Значи, дефинитивно ќе се вратам за сезоната на трева и остатокот од летото. Треба да го зголемам бројот на натпревари, напиша Пегула на социјалните мрежи.

Ролан Гарос ќе се одржи од 26 мај до 9 јуни во Париз. 

Ждрепката за главната фаза на Грен слемот ќе се одржи на 23 мај. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан