• петок, 18 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пегула ја победи Кенин и го освои турнирот во Чарлстон

Пегула ја победи Кенин и го освои турнирот во Чарлстон

Чарлстон, 7 април 2025 (МИА) - Американската тенисерка Џесика Пегула во финалето на турнирот во Чарлстон (САД) ја победи сонародничката Софија Кенин со резултат 6:3, 7:5.

Мечот траеше 1 час и 27 минути. 

Триесет и едногодишната Пегула имаше три аса, две двојни сервис грешки и седум конвертирани брејк топки од 17 можни.

Дваесет и шестгодишната Кенин сервира еден ас, направи шест двојни грешки и имаше четири конвертирани брејк топки од осум можности.

Ова е осма ВТА титула за Пегула во кариерата и втора во 2025 година. Таа претходно победи на турнир во Остин. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан