• петок, 22 ноември 2024

Пашинјан: Мирот меѓу Ерменија и Азербејџан не само што е можен, туку е на дофат на рака

Пашинјан: Мирот меѓу Ерменија и Азербејџан не само што е можен, туку е на дофат на рака

Њујорк, 27 септември 2024 (МИА) - Мирот меѓу Ерменија и Азербејџан не само што е можен, туку е и на дофат на рака, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан во својот говор на 79-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Ова е мој четврти говор пред Генералното собрание на ОН и овој говор ќе се разликува многу од претходните. Главните пораки од моите претходни говори беа поврзани со ќор-сокакот во постигнувањето мир меѓу Ерменија и Азербејџан, но денес сакам да кажам дека мирот меѓу Ерменија и Азербејџан не само што е можен, туку е и на дофат на раката. На 30 август Ерменија и Азербејџан потпишаа 'Регулатива за заедничка активност на комисиите за утврдување на државната граница меѓу двете земји'“, рече Пашинјан.

Тој додаде дека ова е првиот правен документ потпишан меѓу двете земји.

„Што е уште поважно, со овој документ, Ерменија и Азербејџан се договорија да ги дефинираат договорите на Алма Ата од 1991 година како основен принцип за дефинирање на границите меѓу двете земји и ќе се раководат од нив“, рече Пашинјан и објасни дека тоа значи дека двете земји „го потврдуваат принципот на взаемно признавање на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, кој постоел во времето на СССР, што е главен фактор за воспоставување мир“.

„Сега се потврдува дека двете земји немаат територијални претензии една кон друга“, истакна ерменскиот премиер.

Двете земји треба да го направат следниот чекор и да го потпишат Договорот за воспоставување мир и дипломатски односи меѓу Ерменија и Азербејџан. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан