• понеделник, 23 декември 2024

Пахор: На Балканот и покрај билатералните проблеми има политичка волја да се зачува мирот

Пахор: На Балканот и покрај билатералните проблеми има политичка волја да се зачува мирот
Белград, 3 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска во Белград изјави дека се согласиле со српскиот претседател Александар Вучиќ дека Западен Балкан, без оглед на сите недоверби и билатерални проблеми, има доволно политичка волја да се зачува мирот и европската перспектива. Тој додаде дека постои можност сите лидери од регионот да се согласат за три прашања. - Прво е Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус до крајот на неделата, а ЕУ да ја исполни својата обврска за визна либерализација, посочи Пахор. Претседателот на Словенија се осврна и на Дијалогот Белград - Приштина, истакнувајќи дека во моментот има помала доверба отколку претходно, како и оти дијалогот не довел до решение што сите го посакуваа. Пахор посочи и дека ја поддржува иницијативата Отворен Балкан. - Мислам дека проектот Отворен Балкан е создаден така што некои работи, доколку му се приклучат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, проблемите кои сега изгледаат нерешливи полесно ќе се решат во духот на соработката, наведе Пахор. ми/

Остани поврзан