• сабота, 29 јуни 2024

Пау Гасол е избран во Комисијата за спортисти на МОК

Пау Гасол е избран во Комисијата за спортисти на МОК
Токио, 4 август 2021 (МИА) - Центарот на Шпанија, Пау Гасол стана еден од четворицата нови членови на Комисијата за спортисти на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), се вели на официјалната веб-страница на Игрите. Заедно со Газол, во комисијата беа избрани полската велосипедистка Маја Влошчовска, италијанската пливачка Федерика Пелегрини и јапонскиот мечувалец Јуки Ота. Гасол е петкратен учесник на Олимпијадите, сребрен медалист во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година, бронзен медалист во Рио 2016, светски шампион во 2006 година и трикратен европски шампион. Шпанецот објави крај на своите настапи за националниот тим, откако неговата репрезентација вчера беше поразена од САД (81:95) во четвртфиналето на Олимпијадата во Токио. зс/

Остани поврзан