• понеделник, 23 декември 2024

Паунов: За 3 години го променивме ликот на Карбинци, многу нови инвестиции и проекти

Паунов: За 3 години го променивме ликот на Карбинци, многу нови инвестиции и проекти

Скопје, 16 декември 2024 

Со многу труд, посветеност и визија изминативе три години од мојот мандат како градоначалник на општина Карбинци работев чесно за да ја оправдам вашата доверба. Вие чесниот народ бевте и ќе бидете мојата мотивација и за понатаму. За овие три години во нашата општина покажавме дека можело да се работи ако се умее, да се гради ако се сака, а проблемите да се решаваат на дневна основа.

Резултатите преточени во дела нас не разликуваат од останатите. Она што ние го ветуваме а реално и е остварливо, нашите реализирани проекти се доказ токму за тоа!

Во општина Карбинци се реализирани бројни проекти во овие три години во делот на патната инфраструктура.

Еден од главните правци во кој се вложивме најмногу е токму делот со локалните улици и патишта во нашата општина.

Еден од носечките капитални проекти во општина Карбинци е патниот правец село Таринци, село Долни Балван каде по долги години барање и потреба  успеавме и се заложивме кон целосна реализација на овој многу важен локален пат. Целосно е реконструиран, проширен и за прв пат е изградена пешачка патека со должина од 1,6 км, осветлена со можност за рекреација но и безбедност на минувачите во текот и на вечерните часови.

Село Долни Балван е населено место кое посветивме големо внимание во овие три години.

Реализирани се повеќе проекти кои по барање и потреба од граѓаните ги нотиравме и веднаш се зафативме со реализација.

Во долни Балван изградивме две нови улици а во моментот се работи и на поголем зафат со реконструкција на главната улица со должина од 600 м.

Еден од проектите на кои сум искрено горд е и повеќенаменското игралиште во Долни Балван кое го реконструиравме целосно, вградивме модерна гумена тартан подлога и е целосно оградено. На овој спортски терен за прв се одржа и турнир во мал фудбал по повод празникот Ѓурѓовден, празник кој го празнува и селото Долни Балван. Во Долни Балван изградивме и ново детско забавно катче, детско игралиште со гумена тартан подлога кое исто така е проект кој го краси училишниот двор а најмладите во ова населено место веќе имаат простор каде да се забавуваат и да рекреираат.

Во постојан контакт со населението во Долни Балван нотиравме потреба за решавање на долгогодишен проблем, тоа беше отстранување на старата спортска сала во ова населено место која беше руинирана и со години оставена во распаѓање но и опасно место за околината пред се за учениците и наставниот кадар. По целосно собирање на потребните дозволи и документи ова барање беше реализирано на целосен трошок на општина Карбинци.

Еден од носечките проекти за Долни Балван ќе започне со реализација наскоро а тоа е уредување на одводниот канал Герен, со изградба на партерно уредена површина со мал плоштад кој ќе допринесе за дополнително урбан лик во ова населено место.

Селото Таринци е најголемото населено место во општината и место кое имаше потреба од реализација на сериозни проекти но и решавање на клучни проблеми кои ги допираа жителите.

Еден од главните проблеми кои со години беше актуелен е токму и водоснабдувањето со капацитетот на вода за пиење во повисоките маала на село Таринци.

За целосно надминување на овој проблем се зафативме со реализација на неколку важни проекти. Изградбата на нов резервоар за вода за пиење со капацитет од 200 м3, овој проект е еден од важните чекори кон подобрување на водоснабдувањето. Целосно го завршивме и е пуштен во употреба со што Таринци, Нов Караорман и Долни Балван добија зголемен капацитет за водоснабдување со вода од претходните 200 м3 на вкупно 400 м3 вода.

Еден од главните мотиви и барање на населението во Таринци беше и патната инфраструктура. Затоа изградивме околу 1км улици или вкупно четири улици во с. Таринци а веќе се во подготовка и три нови улици кои  целосно ќе бидат според урбанистичкиот план и во целост  ќе го изменат ликот на ова населено место.

Во Таринци се направи голема активност  во делот на спортските терени односно повеќенаменското игралиште каде реализиравме целосно нова гумена тартан подлога и значително ги подобривме условите за спорт и рекреација.

Сред село целосно го изменивме со реконструкција на детскиот забавен парк со исто така модерна тартан подлога и нови реквизити. А потегот од сред село доби уште еден поинаков урбан лик со ново осветлување и ново урбана опрема.

Влезот на селото Таринци и добро познатата селска чешма беше предмет на реконструкција и на истото место добивме неколку паркинг места и одреден влез со модерен урбан лик партерно уредена површина. А долж регионалниот пат направивме парк со површина од 2000м2.

Детската градинка исто така доби дворно уредување со нови детски реквизити и содржини кои го исполнија дворот и ги задоволија потребите на најмалите. Детската градинка е веќе предмет на доградба со тоа што ќе се добие зголемен капацитет за уште 50 дечиња и со тоа уште еден горчлив проблем ќе биде надминат.

Најголемиот капитален проект за селото Таринци е токму новото училиште кое после повеќе од 50тина години го реконструиравме, доградивме и модернизиравме според сите европски стандарди. Ова училиште покрај реконструкцијата доби и дополнителни простории, санитарни јазли во самиот објект. Енергетско ефикасна фасада и затоплување на системот по парно греење на пелети.

Таринци за прв пат може да се пофали и со културно забавен живот но и со бројни спортски настани.

По повод празникот на селото св.Троица организираме традиционален фудбалски турнир во мал фудбал каде може да уживаме во пресрет на празникот но и главната прослава по повод празникот веќе ја организираме традиционално со богата музичка прослава и со изненадувања за сите наши и жители и гости.

Спортскиот дел е многу важен за нас и во делот на индивидуалниот спорт. Боречкиот клуб Киро Ристов веќе 3 години функционира и се одржува во Таринци благодарение на раководството но и поддршката од општината како финансиски така и со обезбедени услови за тренирање. Резултатите се за поздрав, а овие борачи нижат поголеми успеси. За прв пат воведовме и Карате клуб кој исто така тренинзите и дружбата ја одржуваат во Таринци. Како и играорното друштво Тоска кое понуди поинакви содржини и моменти на нашето секојдневие во делот на културниот и традиционалниот напредок на најмладите.

Сржта на општина Карбинци е селото Карбинци и централното подрачје на општината.

Населеното место Карбинци може да посведочи за голем број реализирани проекти во овие 3 години.

Изградивме 8 улици во село Карбинци со должина од околу 2км.

За прв пат асфалт доби и обиколницата во Карбинци која е многу важна патна артерија во ова населено место и можност за населување и проширување на селото токму на овој ист потег.

Речното корито на река Козјачка исто така ја продолживме со изградба на уште една фаза во должина од 140м со што трајно го заштитуваме селото од поплавување и излевање на Козјачка река. Покрај ова самиот кеј добива еден поинаков урбан лик каде во следниот период ќе биде и дополнително осветлен и убеден со урбана опрема.

Еден од важните проекти за Карбинци како и за другите населени места е и локалниот меѓуопштински линиски превоз каде општина Карбинци заедно со општина Штип го воведе на нашата територија. Секој еден жител може да го користи четири пати во денот по многу поволни и евтини услови.

Важен сегмент е и делот на спортот каде го обновивме целосно уништеното мало спортско игралиште и овозможивме традицијата со фудбалскиот турнир во Карбинци да се врти повторно во живот. Стадионот и фудбалскиот клуб Карбинци исто така се во одлична кондиција и општината како главен спонзор и поддржувач го зголемува буџетот секоја година за да се овозможат подобри услови но и стимул за подобри резултати. Во индивидуалниот спорт во Карбинци функционира и БК Карбинци кој е во сигурни раце и одлично менаџирање на раководството каде натпреварувачите нижат големи успеси во многу различни натпреварувања.

За најмалите во Карбинци го обновивме целосно и детското игралиште кое во минатото беше претворено во депонија и целосно уништено и оставено во негрижа на претходната локална власт. Сега доби нова, модерна тартан подлога, обновени реквизити и целосно оградено и осветлено со што го добивме едно од поубавите детски игралиште во нашата општина.

Важно за карбинчани и сите земјоделци е обновата на неколку земјени патишта кои општината ги направи во овие 3 години. Во Долни Балван, Таринци, Трогерци и Карбинци се обновија неколку земјени патишта кои се значајни за земјоделците.

Важен момент зазема и за прв пат свечената прослава на одбележувањето на денот Спасовден празник на село Карбинци и ден на општина Карбинци. Со богата музичка но и спортска програма веќе започнува една нова традиција во нашата општина.

Неколку важни мерки кои општина Карбинци ги воведе во овие 3 години се и субвенциите за набавка на клима уреди каде повеќе од 130 семејства имаат искористено ваква мерка со тоа што општината врати 30% од висината на овие клима уреди. Секое новороденче добива еднократна парична помош од 3000 денари. Секое новозапишано прваче, средношколец и студент од Карбинци исто така добива еднократен надоместок со висина од 3000 денари а веќе од следната 2025 години овие средства ќе бидат покачени на 5000 денари.

Голем проект и многу значаен е и расчистувањето на депониите во општина Карбинци. Целосно расчистени и затворени се депониите во селата Радање, Аргулица, Козјак, Крупиште, Карбинци и Таринци. Локациите се означени со табли и хортикултурно се уредени.

Општина Карбинци ја нотираше и потребата од зголемување на капацитетот на услугите од ЈП Плачковица и веднаш започнавме со реализација на проект со кој го набавивме возилото за депонирање на отпад со капацитет од 10 м3 и трајно се реши проблемот со пренатрупаност на комунален отпад. Нашата општина е чиста, без депонии, со навремено собирање на комуналниот отпад и средени целосно комунални потреби на граѓаните.

Важен сегмент во нашата општина се и селата во делот на под Плачковичкиот регион каде потребата од решавање на проблемите беше поголема. Во село Кучица за прв се изградија 2 улици со должина од 1 км и нов мост со кој се реши проблемот кои жителите го имаа а тоа беше движењето низ коритото на реките кои мораа да ги поминат за да се стигне до училиштето и од едниот до другиот крај на селото. Во Парналија асфалтиравме во училишниот двор и со тоа овозможивме и за учениците но и за самото население да имаат можност да го користат како поголема рамна повеќенаменска површина.

Село Оџалија доби асфалт на потегот каде беше прекинат овој локален пат во должина од 400 м и со тоа го комплетиравме целиот патен правец село Радање – село Оџалија.

Во селото Радање како едно од поголемите населени места вложивме најмногу во проблемите кои ги нотиравме од жителите.

Проблемот со вода конечно дојде до решавање со тоа што алтернативниот водоснабдувачки систем преку филтрација и препумпна станица дојде и во ова населено место. Во селото Радање изградивме и пет локални улици кои за прв пат добија асфалт. Радање доби и детски забавен парк со површина од 500 м2.

Во општина Карбинци во овие три години имаше голема потреба од регулирање на сообраќајот во повеќе населени места. Затоа ставивме препреки или познати како лежечки полицајци во селата Долни Балван, Крупиште, Таринци, Карбинци и Радање со тоа што значително се зголеми безбедноста во овие населени места.

Селото Аргулица исто така беше пример за реализација на неколку важни проекти. Изградивме 2 улици по барање на жителите, го обновивме каналот во селото и со поддршка на локални компании изградивме мал зафат со кој се покачи нивото на речното корито и конечно во ова населено место протече вода во каналите. Аргулица имаше голем проблем со загадувањето и ова е конечно надминато со расчистување на старата депонија која беше опасност кон самото население. Локалниот превоз беше уште еден од најважните мерки и проекти во Аргулица со што движењето кон градот Штип е веќе многу полесно.

Селото Крупиште истиот така сведочи за неколку важни проекти во овие 3 години. Изградивме мало повеќенаменско игралиште со што младите и учениците ќе имаат можност и одлични услови за спорт и рекреација. Го реконструиравме и детското игралиште со модерна тартан подлога и обновените и нови содржини на истото го красат ова игралиште. Крупиште доби и забавувачи на брзината со кои безбедноста е веќе на повисоко ниво. Еден од најважните проекти за Крупиште е и решавањето на каналот за техничка вода или познат како Модар Мост, со кој преку зафат го обновивме и земјоделците повеќе нема да имаат губитоци на вода.

Помалите населени места исто така се сведоци на проекти кои беа важни за подобрување на квалитетот на животот. Горни Балван доби нова улица со должина од 400м. Село Руљак заедно со жителите обезбедивме материјал за изградба на резервоар за вода и целосно финансирање од општината за водовод. Нов Караорман доби нова главна улица во населеното место. Козјак и жителите беа сведоци на повеќе проекти, се реконструираше главната улица во должина од 500 метри, 3 нови улици за прв пат во ова село добија асфалт. Детското игралиште го реконструиравме и најмладите имаат можност да ги рекреираат и да имаат услови обновени и исправни реквизити.

Почитувани,

Напредокот на нашата општина е во полн ек.

Мотивацијата е голема, инспирацијата да се работи е навистина од големо значење.

Ве уверувам дека пред вас граѓаните ќе престојат уште многу проекти на кои сите ние заеднички ќе бидеме горди.

 

Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан