• петок, 05 декември 2025

Пауновиќ повика 20 одбојкарки за Сребрената Европска лига

Пауновиќ повика 20 одбојкарки за Сребрената Европска лига


Скопје, 7 мај 2025 (МИА) – Селекторот на македонската женската сениорска репрезентација, Стефан Пауновиќ, одлучи да повика 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица, за стартот на подготовките за настап во Сребрената Европска лига.
Петте интернационалки, организаторите на играта Јонузи и Ричлиева, и примачите Стојанова, Терзиевска и Хаџитошева ќе бидат основата на селекцијата заедно со колешките од трите најдобри екипи во моментов, новиот шампион Јанта Волеј КВ, финалистот на плеј-офот Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ Наковски Волеј.
Македонските одбојкарки настапот во Сребрената Европска лига ќе го почнат на домашен терен во салата „Парк“ во Струмица каде ќе се одржи првиот турнир, во периодот од 30 мај до 1 јуни.
Собирот на репрезентацијата е закажан на 15 мај во Струмица. ег
ФОТО: ОФМ

 

Остани поврзан