• петок, 22 ноември 2024

Патот до напредок е патот на знаењето, вложуваме во квалитетно високо образование - порака од Груби и Шаќири

Патот до напредок е патот на знаењето, вложуваме во квалитетно високо образование - порака од Груби и Шаќири
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Нема подобра инвестиција за една земја од отворањето на центри на знаење, бидејќи знаењето значи сигурни животни перспективи за напредок. Нашата земја постигна забележителен напредок во градењето квалитетни високообразовни капацитети, постигнавме одлична соработка со инвеститори кои со отворањето на универзитетите придонесуваат за развојот на државата. Ова го истакна првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, кој денеска заедно со министерот за образование Јетон Шаќири се обрати на свеченоста по повод започнувањето на новата академска година на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. Според него, континуитет во неопходното подобрување на квалитетот на образованието е процес кој бара посветеност на сите нас. -Друг, исклучително важен факт што го промовираат нашите универзитети е вредноста на еднаквоста и еднаквиот третман на сите студенти без разлика на етничката припадност. Само врз основа на објективна проценка и меритократија ќе бидеме успешни во секој следен предизвик. Нема друг пат до напредок освен патот на знаењето, порача Груби. Министерот за образование и наука Шаќири на првиот академски час од новата студиска 2022-2023 година истакна дека во нов и добро опремен објект и со наставен кадар кој вложува во обуки и професионална надградба, овој универзитет достоинствено ја чекори втората деценија академски живот, реализирајќи настава во сите три циклуси студии. Како што рече, сериозноста со која се пристапува на научно-истражувачката дејност, издавањето меѓународни научни списанија, организирањето научни конгреси и конференции се само дел од причините што ги привлекуваат студентите. Потсети дека МОН посветено работи на обезбедување квалитет и ефективност на високото образование во согласност со европските добри практики, ја подобрува достапноста на високото образование, го унапредува системот на акредитација и евалуација на високото образование и го подобрува студентскиот стандард. -Подобрувајќи го квалитетот на високото образование влијаеме врз човечкиот капитал, како основен услов за просперитет за нашата држава, потенцираше министерот Шаќири. На свеченоста се обратија и ректорот на Универзитетот проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу и министерот за здравство Беким Сали. вг/дма/

Остани поврзан