• недела, 22 декември 2024

Патничката на италијанскиот крузер нема коронавирус

Патничката на италијанскиот крузер нема коронавирус
Рим, 30 јануари 2020 (МИА) – Патничката на италијанскиот крузер, за која имаше сомневање дека е заразена со новиот коронавирус, го нема тој вид на вирус, изјави портпаролот на италијанското Министерство за здравство. Тоа го потврдиле тестовите кои ги направиле италијански лекари. Околу 6.000 луѓе беа заробени на италијански крузер во италијанскиот град Чивитавекија, откако една Кинеска добила треска, што предизвикало стравување дека е заразена со новиот коронавирус. Неименуван извор изјави дека таа имала благи симптоми, додека нејзиниот сопруг немал никакви симптоми на болеста, јавија италијанските медиуми. Двојката од Макао ги тестирале експерти во римската болница Спаланчани, кои се специјалисти за заразни болести и вируси. јт/

Остани поврзан