• петок, 22 ноември 2024

Партијата на пензионери: Посветени сме на системско решавање на барањата на пензионерите за подобрување на материјалниот стаус и економска сигурност

Партијата на пензионери: Посветени сме на системско решавање на барањата на пензионерите за подобрување на материјалниот стаус и економска сигурност

Скопје, 24 август 2023

Партијата на пензионери, е единствена политичка партија која во својата суштина ги застапува пензионерите во сите сегменти на општественото дејствување, творење и живеење, преку својата програма и повелба каде покрај социјалните, државните и развојните цели, главна целна група се пензионерите и состојбата во пензионерското организирање и живеење.

Партијата на пензионери со големо внимание ги прати сите протести на пензионерите, а особено нивните барања и врз основа на извршените анализи гледа дека:

Партијата на пензионери ги има апсолвирано сите барања и иницијативи на иницијативниот одбор на протестите, и истите веќе ги има опфатено во својата Програма и платформа за работа, и во своето јавно дејствување преку Парламентот има поднесено повеќе барања за нивно системско решавање, што може да се види од досегашните јавни настапувања на претседателот на ПП.

Партијата на пензионери исто така не застана јавно да ги подржи протестантите, бидејќи Иницијативниот одбор на протестите јавно се изјасни дека во протестите не сакаат да се инволвираат политичките партии, иако за воља на вистината во тој ист Иницијативен одбор на протестите се наоѓаат партиски луѓе кои се преставници на антиевроскиот блок во Македонија и чии политички партии јавно ги подржуваат протестите. Тоа се истите политички партии кои за време на своето владеење го доведоа до колапс Пензискиот фонд и целокупниот пензиски систем во државата а сега нудат исти решенија за проблемите кои сами ги створија, како на пример зголемување на пензиите за 600 денари и тоа еднаш во годината. (Линк 1).

Партијата на пензионери преку учеството во владината коалиција промовира политики кои имаат за цел стабилен пензиски систем и достоинствени пензии за пензионерите, уважувајќи ги иницијативите кои доаѓаат од пензионерите а се однесуваат на подобрување на нивниот материјален стаус и економска сигурност.

Партијата на пензионери своите активности ги усредсредува на изнаоѓање најповолно решение за подобрување на материјалниот стаус на корисниците на минимални пензии, без притоа да се загрози стабилноста на пензисикиот систем и редовната исплата на сите пензии.

Партијата на пензионери во рамките на коалицијата неколку пати иницира донесување на закон за минимална пензија и во таа смисла има подготевено Предлог закон за минимална пензија и предлог на мерки за солидарна финасиска поддршка за пензионерите до просечна пензија (Линк 2).

Партијата на пензионери исто така се залага за проширување на позитивната листа на лекови и не плаќање на партиципација на највозрасните и најнемоќните пензионери со помали пензии од просечната (Линк 3).

Партијата на пензионери е и секогаш ќе биде со пензионерите штитејќи ги нивните интереси, а не интересите на тие што манипулираат со изборите во некои здруженија на пензионери и кои нетранспаретно ги трошат финасиските средства од членарината на сите а посебно на социјално загрозените пензионери (Линк 4).

Секој добронамерен, чесен и способен човек е добродојден да ни се придружи, да со заедничко делување го направиме животот поубав, во нашата ни единствена татковина МАКЕДОНИЈА за сите вклучувајки ги и пензионерите. Затоа придружете се и поддржете ја Партијата на Пензионери да имаме повеќе претставници во Законодавниот дом и во Извршната власт за поуспешно да се избориме за програмските цели и со самото тоа за целокупната пензионерска популација во општеството.

Правната служба на Партијата на пензионери секогаш стои на располагање на сите пензионери за пружање на бесплатана правна помош.

СО ВАС СМЕ! БИДЕТЕ СО НАС!

Обраќање на Партијата на пензионери до пензионерите

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан