• понеделник, 23 декември 2024

Парламентите на Доњецк и Луганск ги ратификуваа договорите со Русија

Парламентите на Доњецк и Луганск ги ратификуваа договорите со Русија
Киев, 22 февруари 2022 (МИА) - Самопрогласените провинции во источна Украина денеска потпишаа договор за поблиска соработка со Русија, откако претседателот Владимир Путин во понеделникот потпиша одлука со лидерите на Доњецк и Луганск со која се признава независноста на двата региона, заедно со договорите за пријателство и соработка. Парламентите на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) на специјална седница ги ратификуваа договорите за „пријателство, соработка и взаемна помош“ со Русија. Според еден таков договор, Русија има право да гради воени бази на територијата на Доњецк и Луганск, но рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко за Интерфакс изјави дека за тоа не било разговарано. паг/  

Остани поврзан