• среда, 04 февруари 2026

Париското обвинителство ќе го распитува Илон Маск во рамките на истрага поврзана со „Икс“

Париското обвинителство ќе го распитува Илон Маск во рамките на истрага поврзана со „Икс“

Париз, 3 февруари 2026 (МИА) - Париските обвинители ги повикаа сопственикот на „Икс“, Илон Маск, и поранешната извршна директорка Линда Јакарино, на испрашување во април во врска со истрагата за социјалната мрежа, соопштија денеска обвинителите цитирани од британските медиуми.

Обвинителството соопшти дека денеска ги претресува француските канцеларии на „Икс“ како дел од истрагата што почна во јануари 2025 година. Претресите ги спроведува единицата за киберкриминал на Обвинителството, а во операцијата учествува и Европол, со поддршка од киберединицата на француската полиција - се наведува во извештај на „Икс“.

Платформата сè уште не излезе со коментар за ова прашање.

Обвинителството соопшти дека ја почнало истрагата по дојава од пратеник кој тврдел дека изменетите алгоритми на „Икс“ веројатно манипулираат со системот за автоматска обработка на податоци.

Обвинителството на Париз исто така објави дека ја напушта социјалната мрежа „Екс“ и ќе комуницира преку „Линкедин“ и „Инстаграм“. „Линкедин“ е во сопственост на „Мајкрософт“, а „Инстаграм“ е на „Мета“.сд/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан