Париз: Турција е воено вклучена во војната во Нагорно Карабах
- Француските власти денеска објавија дека Турција е на страната на Азербејџан, дека е воено е вклучена во војната во Нагорно Карабах и дека стравува од „интернационализација“ на тој конфликт.
Париз, 7 октомври 2020 (МИА) - Француските власти денеска објавија дека Турција е на страната на Азербејџан, дека е воено вклучена во војната во Нагорно Карабах и дека стравува од „интернационализација“ на тој конфликт.
- Новината е дека има воена вмешаност на Турција и тоа може да поттикне интернационализација на конфликтот, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан во Комитетот за надворешна политика на францускиот Парламент.
Азербејџанските и ерменските сили се борат во Нагорно Карабах од крајот на септември.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна го осуди присуството на „сириски борци од џихадистички групи“ во Нагорно Карабах.
Ле Дриан изрази жалење за „големиот број цивилни жртви“ и повторно повика на итен прекин на огнот во областа и враќање на масата за преговори под покровителство на групата за медијација составена од Франција, Русија и САД. паг/