• недела, 22 декември 2024

Париз и Берлин ќе ја поддржуваат Украина колку што ќе биде  потребно 

Париз и Берлин ќе ја поддржуваат Украина колку што ќе биде  потребно 

Берлин, 14 јануари 2024 (МИА) - Новиот шеф на француската дипломатија Стефан Сежурне и неговата германска колешка Аналена Баербок денеска потврдија дека ја поддржуваат Украина и дека таа подршка ќе продолжи „се додека е потребно“, во соочувањето на оваа земја со руската инвазија.

-Целосно се согласуваме дека треба да ги поддржуваме Украинците онолку долго колку што е потребно, изјави Сежурне за време на неговата прва посета на Берлин како француски министер за надворешни работи.

Според него, иницијативите за Украина треба да се организираат на европско ниво, во согласност со европските вредности и интереси.

Бербок повтори дека треба да се остане „на страната на Украина онолку долго колку што е потребно, односно додека Русија не се повлече од украинската територија“.

Рускиот претседател Владимир „Путин не запира“ во оваа војна, „тој не сака да запре“, рече германската министерка.

Одлучниот став на Париз и Берлин доаѓа во време кога официјален Киев е загрижен, бидејќи некои европски и американски сојузници се повеќе не сакаат да испраќаат поголема помош за борба против руската инвазија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изјави дека „неподготвеноста на партнерите да испратат финансиска и воена помош за Украина само ја зголемува храброста и силата на Русија“. сд/

фото:ДПА

Остани поврзан