• петок, 22 ноември 2024

Паравоените сили убиле 124 цивили во Судан

Паравоените сили убиле 124 цивили во Судан

Картум, 27 октомври 2024 (МИА) – Лекарите во Судан пријавија очигледен масакр на цивили од страна на паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ), една од двете групи кои се борат за контрола на источноафриканската земја.

Најмалку 124 цивили се убиени за време на напад на РСФ врз едно село, соопшти денеска Суданската лекарска мрежа. Десетици други жители се повредени во Ал Сухра во државата Ал Џазира, соопшти лекарското здружение.

Стотици луѓе се раселени поради насилството, пренесе ДПА.

Според мрежата, РСФ во последните денови извршила напади и во соседните села. Ограбени се и медицински установи и аптеки, како и маркети и продавници.

Де факто владетелот Абдел Фатах ал-Бурхан, кој ја предводи армијата, и неговиот поранешен заменик Мохамед Хамдан Дагло, лидерот на РСФ, од април 2023 година се борат за власт во земјата со околу 50 милиони жители.

Борбите неодамна се интензивираа, особено во јужниот дел на главниот град Картум и во југозападниот регион Дарфур. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан