• среда, 03 јули 2024

Папа Франциск: Ќе се вакцинирам, тоа е етички

Папа Франциск: Ќе се вакцинирам, тоа е етички
Ватикан, 9 јануари 2021 (МИА) - Папата Франциск рече дека планира да прими вакцина против коронавирус на почетокот на следната недела и ги повика сите луѓе да се вакцинираат за да ги заштитат не само своите, туку и животите на сите други. - Верувам дека е етички секој да ја прима вакцината. Тоа е морален избор бидејќи во спротивно се коцкате со вашето здравје, вашиот живот, но си играте и со животите на други луѓе, рече Папата во интервју за италијанската ТВ Канал 5. Спротивставувањето на вакцинацијата тој го нарече „самоубиствено негирање“. Ватикан, најмалата независна држава во светот, соопшти дека наскоро ќе започне сопствена кампања за вакцинирање против коронавирусот. - Следната недела ќе започнеме со вакцинацијата во Ватикан и јас се пријавив. Тоа мора да се направи, рече папата Франциск. паг/

Остани поврзан