• петок, 22 ноември 2024

Папа Франциск: Мајките не треба да бидат во позиција да избираат меѓу работата и грижата за децата

Папа Франциск: Мајките не треба да бидат во позиција да избираат меѓу работата и грижата за децата

Рим, 10 мај 2024 (МИА) - Проблемот со намалувањето на стапката на наталитетот мора да се решава на институционално ниво, а мајките не треба да се доведуваат во позиција да избираат меѓу работата и грижата за своите деца, изјави денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

„На институционално ниво има итна потреба од ефикасни политики, храбри, конкретни и долгорочни избори“, рече папата Франциск на конференцијата за стапката на наталитет, што се одржува во Рим.

Тој посочи дека посветеноста на светските влади е неопходна за да им се помогне на младите да ги остварат своите цели, пренесува италијанската новинска агенција Анса. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан