• понеделник, 01 јули 2024

Папа Франциск: Вакцинацијата е чин на љубов

Папа Франциск: Вакцинацијата е чин на љубов
Ватикан, 18 август 2021 (МИА) - Папата Франциск денеска изјави дека вакцинацијата против Ковид-19 е „чин на љубов“ и ги повика верниците да се имунизираат. - Вакцините даваат надеж дека ќе заврши пандемијата, но само ако вакцините се достапни за сите и ако работиме заедно, посочи папата Франциск. Поглаварот на Римокатоличката црква преку видео порака ја поддржа кампањата за вакцинација во САД и во други амерички држави. - Да се биде вакциниран... е чин на љубов и придонес во тоа мнозинството луѓе да бидат вакцинирани е чин на љубов. Љубов кон себе, љубов кон семејството и пријателите, љубов кон сите, потенцира папата Франциск. ми/

Остани поврзан