• петок, 22 ноември 2024

Папата Франциск се чувствува добро по извршената операција

Папата Франциск се чувствува добро по извршената операција
Ватикан, 5 јули 2021 (МИА) - Операцијата врз папата Фрациско е успешно завршена и тој се чувствува добро, соопшти Ватикан. Папата Франциско беше примен во римска болница вчера попладне поради закажана операција на дебелото црево. Портпаролот на Ватикан Матео Бруни изјави дека 84-годишниот папа страда од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево. Операцијата беше извршена во римската болница Гемели, институција каде се лекуваат папите. Првпат папата Франциско беше примен во болница откако беше избран во 2013 година. ми/

Остани поврзан