• сабота, 16 ноември 2024

Папата Франциск разочаран од Католичката црква во САД, која за него е реакционерна и исполитизирана

Папата Франциск разочаран од Католичката црква во САД, која за него е реакционерна и исполитизирана

Рим, 28 август 2023 (МИА) - Папата Франциск го изрази своето разочарување од Католичката црква во САД, за која вели дека е реакционерна и исполитизирана, јавија британските медиуми, кои се повикуваат на изјава на Светиот Отец на приватна средба во Лисабон со членови на Језуитскиот ред, објавена денеска од језуитското списание „Civilta Cattolica“.

Во десетте години откако е избран за Свет отец, папата Франциск постојано е критикуван од конзервативните делови на американската црква, кои се противат на реформите, како што се давање повеќе права на жените и мирјаните, како и усвојувањето потолерантен и помалку осудувачки пристап од страна на црквата во однос кон некои луѓе, вклучително и во однос на претставниците на ЛГБТ заедницата.

Американските религиозни конзервативци често пати се здружуваат со политичките конзервативни медиуми за да ги критикуваат позициите на папата за низа прашања, вклучувајќи ги климатските промени, имиграцијата, социјалната правда, неговите повици за контрола на оружјето и неговото противење на смртната казна, забележуваат британските медиуми. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан