• среда, 25 декември 2024

Папата Франциск не отпатува на климатскиот самит во Дубаи, има акутен бронхитис

Папата Франциск не отпатува на климатскиот самит во Дубаи, има акутен бронхитис

Ватикан, 30 ноември 2023 (МИА) - Папата Франциск рече дека има многу заразна и акутна форма на бронхитис што го спречи да отпатува во Дубаи на климатскиот самит КОП28, но се пошегува дека е „сè уште жив“.

Папата, кој во декември наполни 87 години, во последниот период имаше голем број здравствени проблеми. Неколку пати беше хоспитализиран, последен пат во јуни. Но, тој сè уште работи и се среќава со луѓе.

„Како што можете да видите, сè уште сум жив. Докторот не ме пушти да одам во Дубаи. Причината е што таму е многу топло, од жештина се оди на клима и (не е згодно) во оваа ситуација со бронхитис. Му благодарам на Господ што не е пневмонија. Тоа е акутен, заразен бронхитис“, рече тој.

Папата Франциск рече дека нема треска, но зема антибиотици, потврдувајќи го соопштението на Ватикан во средата.

Секретарот на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин, во средата изјави дека очекува тој да ја предводи делегацијата на Ватикан на климатскиот состанок во Дубаи. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан