• понеделник, 23 декември 2024

Папата одржа богослужба за Велики петок

Папата одржа богослужба за Велики петок

Ватикан, 29 март 2024 (МИА) – Папата Франциск денеска отслужи богослужба во базиликата Свети Петар по повод Велики петок, во пресрет на ноќната поворка во римскиот Колосеум, што се одржува на најтажниот ден во христијанскиот календар, денот кога Исус умре на распнувањето.

Одбележувањето на Велики петок му претходи на Велигден, кој се смета за радосен ден во црковниот календар на христијаните кои веруваат дека Исус воскреснал на тој ден.

Папата Франциск утре ќе одржи Велигденско бдение, а во недела велигденска миса, по што ќе им се обрати на верниците „Urbi et Orbi“ (На Градот и светот), со порака и благослов од централниот балкон на базиликата Свети Петар. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан