• четврток, 04 декември 2025

Паолини го освои Рим

Паолини го освои Рим

 

Рим, 17 мај 2025 (МИА) – Италијанската тенисерка Јасмин Паолини е победничка на турнирот ВТА 1000 во Рим со награден фонд од над шест милиони евра.

Шестата носителка Паолини попладнево во финалето кое траеше час и половина убедливо ја совлада четвртата носителка, Американката Коко Гоф, со 6-4, 6-2, станувајќи првата домашна тенисерка што ја освоила титулата во Рим по пауза од 40 години.

Паолини доминираше во финалето и ја освои својата трета титула во кариерата, а за победата во Рим заработи 877.390 евра, додека поразената Гоф инкасираше 456.735 евра. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан