• петок, 22 ноември 2024

Панчевски: Се надевам на добар резултат со македонската репрезентација на претстојното Европско првенство

Панчевски: Се надевам на добар резултат со македонската репрезентација на претстојното Европско првенство

Скопје, 9 ноември 2023 (МИА) - Шахистот на Алкалоид, Филип Панчевски очекува добар настап на претстојното Европско првенство во екипна конкуренција во Будва, Црна Гора.

- Во договор со селекторот, оваа година јас нема да играм на првата табла. Имав успешна година на клупски план. Со колегите од ШК Алкалоид освоивме нова титула. Исто така, шампионски трофеи освоив со клубовите за кои настапив во Србија и во Германија. Сакам да одиграм добар турнир и квалитетни партии. Кај мене, а гледам и кај другите шахисти во Македонија, периодот кој беше обележан со појавата на пандемијата на КОВИД 19 влијаеше негативно. Сите изгубивме рејтинг споредено со нивото пред тоа. Имам освоено две велемајсторски норми и размислувам за освојување на третиот бал, но тоа не ми е главната цел на овој турнир. Се надевам на добар резултат во Црна Гора, а следната година повторно ќе се борам за освојување на државната титула, изјави Панчевски.

Тој настапи и на претходното Европско првенство во Словенија, каде што играше на првата табла. зс/

Остани поврзан