• четврток, 26 декември 2024

Панел дебата за „Образование водено од реалните потреби на учениците“, во организација на ЗМАИ

Панел дебата за „Образование водено од реалните потреби на учениците“, во организација на ЗМАИ

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) Настан посветен на „Образование водено од реалните потреби на учениците - паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“, ќе се одржи денеска во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ.

На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претставничката на УНИЦЕФ во земјата, Лесли Милер, извршниот директор на ЗМАИ, Виктор Митевски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и други експерти и практичари.

По поздравните обраќања следи експертски панел на тема „Образование водено од реалните потреби на учениците“ - Паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура.

На панел дискусијата, како што е најавено, ќе учествуваат специјалистка за образование од УНИЦЕФ, Вера Кондиќ Митровска; претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски; државниот Секретар во Министерство за образование и наука, Елена Ивановска и поранешниот декан на Педагошкиот факултет, професор Емиљ Сулејмани. аа/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан