• понеделник, 23 декември 2024

Панел-дискусија „Превенција на кризи и управување со критична инфраструктура во Западен Балкан”

Панел-дискусија „Превенција на кризи и управување со критична инфраструктура во Западен Балкан”

Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) денеска ја организира панел-дискусијата „Превенција на кризи и управување со критична инфраструктура во Западен Балкан”.

Од ИДСЦС информираат дека на настанот ќе биде презентиран трудот „Превенција на кризи и критична инфраструктура во Западен Балкан“ напишан од Васко Поповски, експерт за управување со ризици од катастрофи во соработка со партнери од Западен Балкан. Дополнително, рефлектирајќи се на здравствената пандемија, Анамарија Велиновска, истражувачка во ИДСЦС ќе го презентира трудот „Управување со пандемијата – научени лекции за посигурна иднина“.

Посочуваат дека за регионалните перспективи ќе зборуваат коавторите и партнерите на регионалната иницијатива Тинк Балканс. Свој поглед на превенција од кризи во нивните соодветни земји ќе дадат Ледион Крисафи, истражувач од Албански институт за меѓународни студии од Албанија, Доника Емини, извршна директорка на Балкански истражувачки центар од Косово, Ана Ненезиќ (tbc), извршна директорка на Центарот за мониторинг и истражување од Црна Гора и Александар Ковачевиќ, истражувач на Оксфордски институт за енергетски студии од Србија.фф/мд/

Фото: Институт за демократија „Социетас Цивилис“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан