• понеделник, 23 декември 2024

Панел-дискусија за борба против дезинформации, пропаганда и хибридни закани

Панел-дискусија за борба против дезинформации, пропаганда и хибридни закани

Скопје, 9 ноември 2023 (МИА) - ЦИВИЛ денеска организира панел-дискусија на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“.

„Ослободи го умот“ е проект за спротивставуавње на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани преку мониторинг, медиумски активности и директна комуникација со граѓаните. Активностите вклучуваат тинк-тенк, медиумски и активистички елементи. 

Главни цели на проектот, наведува организаторот на настанот, се следење, анализа и разобличување на дезинформациите и пропагандата, како и известување и анализи на хибридните закани; да обезбеди релевантни информации и ставови, и да даде сеопфатен граѓански и медиумски одговор на дезинформациите и пропагандате, да ги отфрли нападите врз демократијата и стабилноста.

-Целите на проектот се да се разобличат дезинформациите и пропагандата кои ја поткопуваат демократијата и ги злоупотребуваат надежите и стравовите на граѓанките и граѓаните поврзани со изборите, евроатлантските интеграции и други критични прашања, настани и процеси во Северна Македонија. Понатаму, целите на овој проект се ублажување на исклучително штетните ефекти од пропагандата поврзани со руската агресија против Украина, ултранационализмот, ксенофобијата и политиките на поларизација и насилство, преку ангажирање на граѓанките и граѓаните, медиумите и креаторите на јавното мислење – да ги препознаат и да преземат ефективни акции против дезинформациите и пропагандата, соопшти ЦИВИЛ. 

 На панелот денеска, кој од 12 часот ќе се  емитува на профилите на социјалните мрежи и видеоканали на ЦИВИЛ, се универзитетските професори Весна Попоска и Владимир Пивоваров. хс/мд/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан