• сабота, 06 декември 2025

Пандемија е збор на годината според речникот Мериам-Вебстер

Пандемија е збор на годината според речникот Мериам-Вебстер
Вашингтон, 30 ноември 2020 (МИА) - Американскиот речник „Мериам-Вебстер“ го избра зборот „пандемија“ за најупотребуван збор во 2020 година. „Понекогаш еден збор дефинира цела ера и логично е во оваа исклучително тешка година еден збор да избие на врвот“, пишува на веб-страницата на речникот. Авторите ги анализирале информациите за тоа кој збор најчесто се пребарувал во речникот на Интернет и откриле дека тоа е зборот „пандемија“. Нагласено е дека првиот голем скок во потрагата по зборот е пријавен на 3 февруари, а корисниците почнале почесто да го бараат на 20 јануари, кога биле регистрирани првите случаи на инфекција со Ковид-19 во САД. Речникот „Мериам-Вебстер“ го објавува рангирањето „Збор на годината“ од 2003 година. Во 2019 година збор на годината беше „тие“ ( „they”). паг/

Остани поврзан