• сабота, 29 јуни 2024

Пандев го повреди коленото на натпреварот со „Болоња“

Пандев го повреди коленото на натпреварот со „Болоња“
Болоња, 15 февруари 2020 (МИА) - Горан Пандев денеска играше само 13 минути на гостувањето кај Болоња по што мораше да му го отстапи местото на Пинамонти поради повреда на коленото што ја доби при удар од противнички играч. По лекарските прегледи ќе се знае колку е сериозна повредата на Пандев.
Доколку Пандев не биде во можност да игра во плуфиналето на Лигата на нациите, тоа ќе претставува голем удар за македонската фудбалска репрезентација која ја делат два натпревари до историски пласман на Европското првенство. сѓд/бак/

Остани поврзан