• четврток, 04 јули 2024

Панатинаикос е заинтересиран за Мициќ

Панатинаикос е заинтересиран за Мициќ

Атина, 15 февруари 2024 (МИА) – Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос е сериозно заинтересиран за Василије Мициќ, објави српскиот инсајдер Немања Зориќ.

Панатинаикос ја следи ситуацијата на Мициќ кој неодамна беше трејдуван од Оклахома во Шарлот, еден од најлошите тимови во НБА-лигата.

Доколку Мициќ реши да ја напушти НБА на лето, тогаш Панатинаикос ќе биде подготвен да му упати добра понуда.

Во НБА, Мициќ во просек постигнува 3,7 поени и 2,8 асистенции за 12,8 минути на паркетот.

Панатинаикос е предводен од Ергин Атаман, кој долги години работеше со Мициќ во Анадолу Ефес. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан