• петок, 12 јули 2024

Палиња потпиша за Баерн

Палиња потпиша за Баерн

Минхен, 11 јули 2024 (МИА) - Баерн Минхен на својата официјална веб-страница објави дека потпиша договор со дефанзивниот играч за врска Жоао Палиња.

Договорот меѓу двете страни е со важност до 30 јуни 2028 година.

Претходниот клуб на 28-годишниот португалски фудбалер беше Фулам. 

Во сезоната 2023/24, играчот од средниот ред одигра 39 натпревари за англискиот тим, во кои постигна четири гола и една асистенција.

Претходно во кариерата Палиња играше за Спортинг, Белененсес и Брага.

Баерн Минхен на крајот од минатата сезона го освои третото место на табелата во германскиот шампионат. 

Од 1 јули годинава нов тренер на баварскиот клуб е Белгиецот Винсент Компани. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан