• петок, 05 декември 2025

Палестинци ограбиле складиште на ОН во Газа, има загинати

Палестинци ограбиле складиште на ОН во Газа, има загинати

Газа, 29 мај 2025 (МИА) – Складиштето на Светската програма за храна (ВФП) вчера беше ограбено од гладни Палестинци во Деир ел Балах во централниот дел на Појасот Газа, а некои агенции јавуваат дека во стампедото загинале неколку лица.

Масата не оставила ништо зад себе, одземајќи вреќи со храна, дрвени палети и штици. На снимки од агенцијата Франс прес се слушаат и истрели.

- Орди гладни луѓе провалија во складиштето (…) во потрага по прехранбени артикли кои беа однапред поставени за дистрибуција, се вели во соопштението на ВФП.

Беше упатен повик за „безбеден и непречен хуманитарен пристап за да се овозможи итна и уредна дистрибуција на храна“ во Појасот Газа.

Во соопштението се наведува дека ВФП се обидува да ги потврди извештаите за два смртни случаи и неколку повреди за време на инцидентот.

Палестински извори, пак, изјавија дека во пустошењето на складиштето на ВФП загинале неколку луѓе.

Медицински извори од болницата Ал-Акса во Деир Ал-Балах известија дека две лица починале во турканицата на толпата, а две биле убиени со огнено оружје.

- ВФП постојано предупредуваше за влошување на ситуацијата (…) и ризиците од ограничување на хуманитарната помош за гладните луѓе на кои очајно им е потребна помош, се додава во соопштението. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан