• петок, 22 ноември 2024

Палестински пратеник во ОН: Потребен е пристап до Газа

Палестински пратеник во ОН: Потребен е пристап до Газа

Њујорк, 11 октомври 2023 (МИА) – Палестинскиот претставник во Обединетите нации рече дека „мора да има пристап до Појасот Газа“ додека продолжува израелското бомбардирање и опсада на палестинската енклава.

- Потребен е пристап за да се обезбеди медицинска и хуманитарна помош, рече палестинскиот претставник на ОН Ријад Мансур.

- Ситуацијата е екстремно ужасна против нашето цивилно население. Уништувањето е незамисливо, додаде тој. јт/

Фото: Јутјуб скриншот

 

Остани поврзан