• петок, 22 ноември 2024

Палестински министер за надворешни работи пред МСП: Израел врши геноцид во Газа

Палестински министер за надворешни работи пред МСП: Израел врши геноцид во Газа

Хаг, 19 февруари 2024 (МИА) - Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики денеска на отворањето на сослушувањето за израелската окупација на палестинските територии пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг, го обвини Израел за геноцид во Појасот Газа.

- Да се ​​дозволи ова да продолжи е неприфатливо. Морална и законска обврска е да се запре што е можно поскоро, нагласи Ал Малики, пренесува Ал Џезира.

Малики тврди и дека Палестинците на Западниот Брег се жртви на „колонизација и расистичко насилство“.

Тој рече дека Обединетите нации во својата Повелба го вклучиле правото на сите народи на самоопределување и „ветиле дека ќе го ослободат светот од колонијализмот и апартхејдот“, но дека на Палестинците тоа право со децении им е ускратувано.

Меѓународниот суд на правдата денеска отвори еднонеделно рочиште за правните последици од израелската окупација на палестинските територии, на кое пред судиите треба да се обратат претставници на повеќе од 50 земји.

Се очекува, меѓу другите, да се обратат претставници на САД, Кина, Русија, Јужноафриканската Република и Египет, додека Израел нема да учествува на сослушувањето, иако испрати писмен поднесок до судот.

Сослушувањата ќе се одржуваат до 26 февруари, а потоа на судиите ќе им требаат неколку месеци за да размислат за ова прашање пред да дадат советодавно мислење.

Генералното собрание на Обединетите нации во 2022 година побара од МСП да даде советодавно, односно необврзувачко мислење за правните последици од израелската окупација на палестинските територии. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан