• среда, 08 мај 2024

Палестински извори: Абас го откажа состанок со Бајден, се враќа во Рамала

Палестински извори: Абас го откажа состанок со Бајден, се враќа во Рамала

Рамала, 17 октомври (МИА) – Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја откажа планираната средба со американскиот претседател Бајден по нападот врз болницата во Газа, јавија повеќе светски медиуми повикувајќи се на „високи палестински извори“.

Средбата требаше да се одржи утре во Јордан.

Абас требаше да им се придружи на јорданскиот крал Абдула Втори и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси на самитот во Аман каде што со Бајден требаше да разговараат за војната меѓу Израел и Хамас.

- Претседателот е многу лут по веста за израелскиот масакр во болницата во Газа и реши веднаш да се врати во Рамала, рекол еден палестински функционер, кој сакал да остане анонимен, бидејќи откажувањето не е официјално соопштено. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан