• четврток, 18 јули 2024

Палестинска Црвена полумесечина: Две израелски ракети паднаа на 50 метри од болницата ал-Кудс во Газа

Палестинска Црвена полумесечина: Две израелски ракети паднаа на 50 метри од болницата ал-Кудс во Газа

Газа, 7 ноември 2023 (МИА) - Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека две израелски ракети во текот на ноќта паднале на околу 50 метри од болницата ал-Кудс во градот Газа. 

Претходно оттаму беше упатен итен апел до меѓународните организации за помош, соопштувајќи дека болницата ќе остане без гориво во рок од 48 часа, што значи дека „опремата за спасување живот, инкубаторите за новороденчиња и одделенијата за интензивна нега ќе престанат да работат“. 

Црвената полумесечина наведува дека во болницата се сместени и 14.000 раселени лица поради израелските воздушни напади и наредбите за евакуација.

Болниците, вклучително и ал-Кудс, во текот на изминатата недела беа „континуирано гранатирани“, а ударите не беа оддалечени повеќе од 50 метри, се наведува во извештајот на организацијата. 

Во нападите се повредени најмалку 60 лица- болнички персонал, пациенти и раселени,  додека болнички згради и амбулантни возила, исто така, претрпеа „значителна штета“. сд/

фото:Х

Остани поврзан