• вторник, 05 ноември 2024

Палестинска управа: Нападот на еврејските доселеници на Западниот брег е државен тероризам

Палестинска управа: Нападот на еврејските доселеници на Западниот брег е државен тероризам

Рамала, 16 август 2024 (МИА) - Палестинското Министерство за надворешни работи денеска го окарактеризира нападот на екстремистичките еврејски доселеници врз Палестинците во село на Западниот Брег како „организиран државен тероризам“.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека едно лице починало од прострелни рани од доселеници, а друго е тешко рането за време на немирите во селото Џит.

Доселениците запалија возила и куќи во селото.

Израелските лидери ги осудија немирите синоќа. Белата куќа го опиша насилството како „неприфатливо“, објавија француските медиуми.

Израелските безбедносни сили соопштија дека не се знае кој пукал во Палестинците, пренесоа израелските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан